ЛДП организираше трибина за своите членови

„Размислувај различно – либерално кон Европа“ е насловот на трибината која синоќа ја организираше Либерално-демократската партија. Пред присутните во Занаетчискиот дом, се обрати претседателот на партијата, Горан Милевски, кој е и актуелен министер за локална самоуправа.  Тој посочи дека целта на ваквите трибини кои се организираат низ повеќето градови, е да се анимира членството, да се потсети на либерално демократските заложби.

-Кога сте подолго време во коалиција со некој, си ги заборавате своите вредности, така е добро да ги реафирмираме пред нашето членство, бидејќи сме при крај на мандатот сакаме и да направиме секој наш функционер да даде отчет во овој период додека сме биле на власт и да видиме што во друго во иднина како партија ќе го понудиме-истакна претседателот на ЛДП.

Милевски изрази задоволство од функционирањето и активноста на општинската организација на ЛДП во Куманово, нагласувајќи дека од неодамна е назначено и ново раководство.

-Имаме ново раководство на партијата, неколку месеци функционираат, младите направија ново изборно собрание, така што се реорганизиравме, преструктуриравме на сите нивоа, се со цел да продолжиме нормално да функционираме и во пресрет на претстојните парламентарни предвремени избори за да се припремиме максимално да направиме што е можно подобар резултат. Задоволни сме од досегашната работа на претходниот претседател и на раководството, навистина имавме одлична соработка и резултати во Куманово. Се надевам дека ќе продолжиме со исто темпо и резултати и со новиот претседател Бобан Бојковски во Куманово-нагласи тој.

Претседателот на партијата дополни дека ставот на ЛДП е да продолжи реформскиот пат кој што е започнат, нагласувајќи дека се отвориле перспективите, патот кон НАТО и членство во ЕУ.

На трибината присуствуваше и  Зоран Шапуриќ, потпретседател на ЛДП и директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Јулиана Николова, потпретседател на ЛДП и пратеник во Собранието и Зоран Павловски, член на централниот одбор на ЛДП и државен секретар во Министерството за економија, како и други функционери на партијата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)