„ Мак-Дам“ со крводарителска акција

Од година в година се поголем е интересот за учество во крводарителските акции што ги организира риболовното друштво  „Мак – Дам“ од Куманово, а годинава значителен процент од крводарителите беа жени. Ова е шеста акција за дарување на крв, а очекувањата на членовите на риболовното друштво се дека годинава ќе бидат собрани над сто единици.

-Вообичено имаме по 90 крводарители, оваа акција очекуваме над 100, станува збор за успешна акција . Планираме  по две акции наредните  години,а  има и нови членови, изјави Зоран Стојмановски од риболовно друштво  „Мак-Дам“

-Лани имаше 80 крводарители, претходната 92, сега очекуваме над 100.  Интересно е што процентот на жените дарители на крв се зголемува. Друштвото постои од 2006-та година. Сега рекреативно учествуваме на натпревари во земјава, но и на меѓународни натпревари, купови и други активности, изјави Марјан Вељановски, риболовно друштво   „Мак-Дам“

Акциите секогаш се реализираат во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Куманово и Институтот за трансфузиона медицина.

Крводарителската акција се реализираше во малата сала на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)