„Мали олимписки игри“ во Куманово

Повеќе од 800 ученици денеска беа дел од најмасовната манифестација во државата  која се реализира во образовниот систем насловена „Мали олимписки игри“.  

Организатор на игрите  е Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на министерството за образование и наука, агенцијата за млади и спорт, градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на Општина Куманово .

Во спортската сала на средното стручно училиште „Перо Наков“  денеска се натпреваруваа  најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини во државата во повеќе спортови, футсал, кошарка, фудбал и атлетика.

Во своето обраќање пред присутните, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски рече дека на овој начин се поттикнуваат учениците да се вклучат во активностите  со цел да го подигнат  спортскиот дух и  спортските стандарди.

– Сакам да се заблагодарам и на Општина Куманово за огромната поддршка како финансиски така и логистички да се организираат вакви натпревари, пред се да дружат децата, но и да се натпреваруваат и со тоа да се покаже дека спортот и понатаму е број еден активност во Општина Куманово. Во изминатитот период и во минатото Општина Куманово живее за спортот , впрочем и излегувањето на големите спортски великани и асови од овој град покажува дека спортот во Куманово не е само број еден , туку кумановскиот спорт е број еден и во нашата држава, рече Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт

„Малите олимписки игри“  ги прогласи за отворени градоначалникот Максим Димитриевски, кој ги потсети присутните дека Куманово годинава  доби признание од Европската асоцијација на градови на спортот  за град на спортот во Европа.

-Признанието  го добивме не поради тоа што имаме спортски клубови што се натпреваруваат во премиер лига итн. туку го добивме благодарејќи на сите Вас затоа што така даваме поткрепа на сите спортски дисциплини за различни возрасти, од предучилишна возраст па се до спортисти пензионери. Голема е честа за нас ова признание,  а вие само ја збогатувате нашата годишна програма со тоа што не удостоивте денеска да ни бидете гости во градот и секако апелирам до сите присутни кумановци да бидеме добри домаќини на сите Вас. Воедно Ве охрабрувам , Ви посакувам успех на сите полиња и секако посакувам најдобрите спортисти да остават трага на оваа манифестација, најдобрите екипи да победат и воедно да ја искористам приликата да Ве информирам дека Куманово овие неколку дена е домаќин и на Државниот куп во женскиот ракомет,  а екипа на ракометниот женски куп од Куманово се пласираше во финале. Ја користам приликата да Ве повикам сите во сабота да им дадеме поддршка на тој натпревар кој е од исклучителна важност за нас. Го прогласувам овој натпревар, оваа спортска манифестација  за отворена, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Масовната спортска манифестација заврши со доделување на дипломи и пехари за најдобрите екипи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)