Инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП во Гостивар

Од 01-ви ноември  минатата година Државна лотарија на Македонија го пласираше  инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП во соработка со АutomobileSK, а  вчера додели уште еден автомобил JEEP COMPASS, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.  

Дел од овие автомобили веќе се возат низ улиците на Куманово, Кавадарци, Охрид ,Скопје,Ресен, Прилеп, Ново Село- Струмичко,  а од денес ќе се вози и во Гостивар.  

Наталија Танасковиќ е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Редовно игра  лото а токму инстант лозот БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП, се покажал како најсреќен за неа откако изгребала три симболи на автомобил.

Овие три симболи вчера ја донесоа до клучевите од нејзиниот нов автомобил-информираат од Државната лотарија на Македонија.

Коментари

коментар(и)