Меморандум за соработка за афирмирање на демократијата

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претставник од Здружението за општествен развој и демократија НВО „Пулсот на демократијата“ – Куманово, денеска потпишаа Меморандум за соработка чија цел е афирмирање на демократијата и остварување на оснивните човекови права и слободи.

„Цивилното општество е важен фактор, кој придонесува за креирање на јавното мислење и доведува до подобрување на општествените вредности и националната кохезија. Преку поттикнување на мерки и вредности ќе придонесеме за севкупниот напредок во државата“, рече Димитриевски.

Коментари

коментар(и)