Училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“ традиционално и годинава со концерт го одбележа денот на љубовта. Вечерта посветена на филмските хитови е еден од деветте тематски концерти кои се организираат во текот на учебната година. Со воведување на нови инструменти во наставата и реконструкција на фасадата, кровниот покривач и прозорците на објектот на УОМО „Панче Пешев“, надлежните очекуваат уште поголем интерес за музичкото училиште. Инаку, интервенцијата претставува конкретен чекор во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој беше идентификуван како приоритетна мерка на два граѓански форуми одржани во 2025 година во Куманово. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Кралството Шведска и Општина Куманово, додека УНДП е задолжена за имплементацијата.
Училиштето го посетуваат околу триста ученици од Куманово.