Министерството за внатрешни работи соопшти дека на граничниот премин Табановце од 07.08.2026 од 10:00 часот до 10.08.2026 до 10:00 часот влез во државата оствариле 10974 македонски државјани, а излез оствариле 17785 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 43296, а ја напуштиле нашата држава 54701 лица.
-Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, соопштија надлежните.