На Табановце приведени странски државјани

Тројца државјани на Србија, Косово и Германија во три различни случаи вчера биле приведени на граничниот премин Табановце.

Во првиот случај во 15.10 часот полициски службеници го привеле Ш.Џ.(30 години) од Косово затоа што приложил фалсификувана  патна исправа, информира полицијата.

Подоцна во 18.00 часот е приведен и Д.Г.(67) од Република Србија поради постоење основано сомнение дека на  возилото  „мазда CX5’’ со српски национални ознаки, кое го управувал, бројот на шасија отстапувал од оргиналната изведба и типската налепница била манипулирана.

Само два и пол часа подоцна, односно во 20.30 часот, исто така полициски службеници го привеле T.Г.(63) од Германија затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека нема пријавено престој во државата.

Сите лица се задржани и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)