ОИК се подготвува за изборите

Граѓаните на Општина Куманово на претстојните претседателски избори на 21 април годинава ќе гласаат на 167 избирачки места, информираат од Општинската изборна комисија. Според ОИК,  Куманово и Битола се најголемите  изборни единици во државата, но бројот на членовите во избирачките одбори во нашата општина е поголем и изнесува 1670 членови.

-Сега работиме интензивно на формирање на избирачките одбори, тие се формирани,  во компјутер се ставени, но имаше  доста изземања, изготвени се голем број на решенија. Се тече според роковникот од Државната изборна комисија. Во тек се обуките на претседателите и заменици на претседатели на изборните одбори од ДИК, а подоцна ќе започнат обуките на членовите на избирачките одбори,  изјави претседателот Звонко Николовски.

Од комисијата велат  дека се уште ја немаат официјалната бројка на гласачи во избирачкиот список, но според податоците од референдумското изјаснување бројката  изнесувала околу 92.000 гласачи.

Коментари

коментар(и)