Околу 1.650 повици на бројот 112

Околу 1.650 повици во просек дневно примаат диспечерите на новоотворениот број за итни повици 112. Покрај овој број сè уште функционираат постојните броеви 192, 193 и 194, на кои може да се побара итна медицинска, полициска или противпожарна помош.

Планирано е овие броеви да бидат во функција уште една година, а во меѓувреме, како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) под чија надлежност е Оперативниот центар на 112, граѓаните ќе треба да го научат новиот број за итни ситуации.

 

Коментари

коментар(и)