Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на три локации во Куманово.
Во првиот случај, во Средорек пожарникарите гаснеле опожарен отпад, а во населбата Карпош и на улицата „Никола Тесла“ интервенирале на опожарена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.