Отворена манифестацијата „Денови на мед 2019“

На Градскиот плоштад утринава свечено беше отворено 20-тото, јубилејно издание на тридневната саемска манифестација „Денови на мед 2019“. Мед и други пчелни производи изложија 20-ина пчелари од градот и регионот. Претседателот на пчеларското здружение „Пчела“,  Горан Митевски истакна дека оваа година била релативно добра за производство на мед. Нагласи дека во просек оваа година по кошница приносот изнесува 17 килограми.

-Огромно влијание имаат климатските промени токму и поради тоа имаме ваков мал принос од година в година затоа што токму кога треба да врне не врне, токму кога ќе треба сонце да има и обратно никако да се вклопиме. Саемски попуст немаме затоа што целта на оваа изложба ни граѓаните да видат од кого треба да купат мед, затоа што со оваа конкуренција нелојална што ја имаме по маркетите што се нуди мед кој не е ниту мед, тоа е преработен шеќер, со ниска цена. Овде можеби за некого ќе биде скап, но тоа е вистинскиот мед, природен од диворастечки растенија-посочи тој.

И останатите пчелари се согласуваат дека од година в година се намалува производството. За потсетување само пред неколку години собирале од 50 до 60 килограми од кошница.

-Во секој случај се потребни поголеми плантажи на медоносни растенија багрем, фацелија, хељда и слично, шеќерна репка со цел да ја подобриме пашата на пчелата, и со позитивни климатски услови ние ќе дојдеме до зголемување на приносот а со тоа и до поефтини цени на крајните потрошувачи.  Локалниот пазар го задоволуваме во целост, имаме проблем со поголема колична на мед што не можеме да извеземе, мислам дека државата последниве 30 години не помага, особено ни треба поддршка за субвенционирање за зголемување на пчелното семејство и да се организира некој организиран откуп-истакна Сашо Стошевски од пчеларска фирма Стошевски.

Манифестација за отворена ја прогласи секретарот при Општина Куманово, Десанка Стошевска, која ги повика кумановци во наредните денови да го посетат саемот и да си набават пчелни производи.  На саемот како и претходните години  учествуваа  и ученици од средното стручно училиште Киро Бурназ, кои поседуваат сопствен пчеларник.  На отворањето со своја точка настапија и децата од градинката Ангел Шајче.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)