ОУ „11-ти Октомври“ ја одбележа Неделата на италијанскиот јазик

Основното училиште „11-ти Октомври“ денеска со кратка приредба но и хуманитарна акција Донирај од срце и љубов ја одбележа 19-та Недела на италијанскиот јазик во светот.

„Донирај од срце и со љубов“ е насловот на хуманитарната организација која се одржа денеска во основното училиште „11-ти Октомври“, а по повод одбележување на 19-та Недела на италијанскиот јазик во светот, која трае од 21-ви до 27-ми октомври.

Настанот за собирање на храна која ќе заврши кај социјално загрозени семејства од градот, се одржа во соработка со општинската организација на Црвениот крст. Производи донираше и хуманитарната група„ Да бидеме хумани“.

-Ќе донираме традиционални италијански јадења, тестенини, бисквити, јаболки кои ќе бидат поделени на семејствата кои што се социјално загрзени, ќе имаме мала приредба од учениците и дегустација на италијански специјалитети. Секоја година имаме манифестации со кои ги одбележуваме културите во другите земји, односно на држави чии јазици ги изучуваме. Кај нас се изучува англискиот, француски, германски, италијански и се трудиме да имаме што повеќе манифестации од ваков вид-нагласи  наставничката по италијански јазик во 11-ти Октомври, Маја Ристиќ Кипријановска.

Директорката на основното училиште „11-ти Октомври“, Елизабета Костадиновска Костиќ дополни дека последниве години тренд е да се изучува германскиот јазик, но нагласи дека секогаш постои интерес и за  италијанскиот и за францускиот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)