ОШЗС бара итна вакцинација на здравствените работници и пожарникарите

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на COVID  состојбата и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Засега, остануваат постојните препораки кои се повторени веќе неколку месеци наназад, со следниве надополнувања или нови барања:

Општинскиот штаб за заштита и спасување бара од Министерство за здравство да организира итна и континуирана имунизација на вработените лица во здравствените установи на територија на Општина Куманово, како и на припадниците на ТППЕ Куманово, во најкус можен рок, како приоритет, поради високиот степен на изложеност од страна на овие лица  и можен контакт со вирусот и носители на вирусот.

Општинскиот штаб за заштита и спасување бара од ЈП „Пазаришта“ Куманово, да се обезбедат услови за непречено работење на сите пазари на територија на Општина Куманово, како и да се врши контрола на мерките и препораките за заштита донесени од страна на Влада на Република Северна Македонија и доколку се примети непочитување, да се побара помош од Министерство  за внатрешни работи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)