Оштетена е фонтаната во Соколанскиот парк, информираат надлежните од комуналното претпријатие.
Во објавата на ЈП „Чистота и зеленило“ пишува:
„Во Соколански парк е извршен вандалски чин при кој е оштетена фонтаната.Станува збор за сериозно нарушување и уништување на јавен имот, што е целосно неприфатливо. Надлежните служби ќе постапат согласно своите овластувања, а екипите ќе пристапат кон санација“, информираат надлежните.
ЈП „Чистота и зеленило“ ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи за брза и ефикасна реакција.