(ВИДЕО) ПДПЕР: Да продолжи подобрувањето на положбата на Ромите

Општинската организација на Партијата за демократски просперитет на Ромите од Куманово како коалиционен партнер со СДСМ во изминатиот период даде несебична подршка и придонес за парламентарните избори во 2016 год. кога излеговме со идејата „Едно општество за сите“ Иако во тој период можевме да слушнеме разни заплашувања од нашите политички опоненти од типот на кантонизација, федерализација и поделба на државата, мораме да истакнеме дека од тоа ништо не се случи. Затоа и сега настапуваме заедно, истакнаа на прес конференција од оваа партија.

-Напротив, Северна Република Македонија не само што го зачува својот суверенитет и самостојност туку успешно ги заврши преговорите со НАТО алијансата а истото се надевме дека ке се случи и со евроинтеграциските процеси. Како и целиот свет така и нашата држава беше и се уште е зафатена од пандемијата КОВИД 19 која на колена турна и многу псилните економии и многу поголеми демократии од нашата. Но, сепак успеавме некако да се оддржиме. Сега ни претстојат локални избори. Избори на кои ние како Роми од општина Куманово ќе требе да излеземе и достоинствено да го искористиме своето право на глас. Избори на кои ќе требе да избираме помеѓу нашата иднина или ќе продолжиме да пропаѓаме како заедница свесно гледајки како нашите деца не напуштаат и заминуваат во странство без да свртат глава-истакна Руфат Јашари, ПДПЕР.

Доколку сакаме да ја смениме нашата сегашност и да ја подобриме нашата иднина, излезете на 17 октомври и заокружете го бројот 12 бидејќи ние тука припаѓаме.  Ако сакаме да ја подобриме положбата на Ромите во Куманово и нивно целосно изедначување со другите етнички заедници кои живеат во нашиот град, направете го најдобриот избор, истакнаа од оваа партија.

 

Коментари

коментар(и)