Планинарите од „Козјак 2013“ ќе ја пошумуваат Козјачијата

Планинарите од Здружението за планинарење и заштита на планини „Козјак 2013“ традиционално ќе го одбележат „11 Октомври“, но годинава со засадување дрвја на опожарените површини на Козјачијата.

Здружението секоја година го одбележува овој голем национален празник, претежно со планинарско искачување на Козјак, но бидејќи летово голем дел од шумските предели страдаа во пожарите, членовите на „Козјак 2013“ се одлучиле празникот да го одбележат со акција за пошумување.

Акцијата ќе се спроведе на 10-ти октомври, а поаѓањето ќе биде пред Градскиот базен во Куманово. Оние кои немаат сопствен превоз, можат да одат со организиран автобуски превоз, а цена на билетот е 200 денари.

Повеќе детали може да добиете на Фејсбук страницата на ЗПЗП „Козјак 2013“.

Коментари

коментар(и)