Показна вежба по прва помош

Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Секторот за внатрешни работи Куманово реализираше показна вежба за правилно укажување на прва помош.

Екипата по прва помош од Општинската организација Куманово изведе 3 вежби, санирање на отворена скршеница на подлактица, обилно крварење и убодна рана со страно тело во екстремитет. Притоа полицијата од возачите кои ги стопираше бараше да им укажат прва помош.

Возачите и случајните минувачи на овој начин имаа можност да се потсетат на часовите од прва помош кои се посетуваат пред полагање на возачкиот испит и да покажат како треба да пружат прва помош во случај на сообраќајна незгода во која има повредени патници. Воедно како Црвен крст ја истакнавме важноста за поседување на знаења и вештини за укажување на прва помош при сообраќајни незгоди, велат од организацијата.

Коментари

коментар(и)