Продолжуваат сообраќајните контроли, изречени 114 казни

Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето  СВР  Куманово изречени се вкупно 114  мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции,  18 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)