Пуштено во употреба второто детско катче во „Перо Чичо“

Во населбата „Перо Чичо“, поточно во дворот на основото училиште „Христијан Карпош“ вчера беше пуштено во употреба и второто детско катче, проект на општинската организација на СДСМ Куманово. На теренот се поставени детски реквизити, лулашки, клацкалки и клупи. Планирано е да се изградат вкупно 15 детски игралишта во различни делови на градот. Средствата ги обезбедиле членовите на партијата. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски посочи дека викендов ќе се пушти во употреба и третото катче во населбата Гоце Делчев.

-Идејата е погодена, работата е добра, секое игралиште е полно со детски џагор, врева, посетеност се покажува на дело дека вакви катчиња се потребни. И со самата реакција на вчерашниот совет ги повикав нашите политички непријатели, ВМРО-ДПМНЕ заедно да донираме, ова е исправно, со постапка, барање до општината, изготвени се проекти, сигурносни сертификати. Ова е добра волја, општествена одговорност на членовите на СДСМ, доста беа препкувања и зборувања, еве можат и тие ние ќе им го покажеме и начинот, слободните локации, да изградиме уште некое детско катче-изјави тој.

Директорката на основното училиште „Христијан Карпош“, Лидија Костиќ изрази благодарност за оваа донација.

-Можете да видите посетеноста колку е голема и колку е чест и задоволство да имаме нешто вакво во близина на нашето училиште, ќе биде користено и во текот на наставата и на одмори и тука останува за сите локални деца, ќе биде отворено сите можат да другаруваат да се играат-нагласи таа.

Од СДСМ се надеваат дека сите детски катчиња да бидат до 11-ти ноември, Денот на градот.

Коментари

коментар(и)