На подрачјето на Куманово денеска од 08.00 до 13.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин. При контролата констатирани се 9 прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби.
Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, се вели во соопштението од СВР Куманово.