Се санираат јавни површини оштетени при настанати дефекти

Денеска се санираат јавни површини оштетени при настанати дефекти на водоводна и канализациона мрежа, информираат од РЦУК.

Санацијата се врши на ул. Благој Илиев -Гуне  и на улицата „Никола Тесла“ пред бр. 30, каде што се поставува коцка како времена коловозна покривка.

Според РЦУК, денеска се санираат и дефекти на канализационата мрежа, на улицата . Др. Рибар  се врши одзатнување на улична фекална канализација, на улицата ул. „Миле Кипра“ се чисти уличен фекален канал, на улицата „Октомвриска Револуција“,  исто така се врши чистење на уличен фекален канал, а на ул. „Титова Митровачка“  се чистат сливници на атмосферска канализација, информираат од РЦУК.

Коментари

коментар(и)