Рестрикции нема, но рационално да се троши електричната енергија

Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола – ова е заклучокот од одржаниот координативен состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО.

-Се уште трае енергетската криза. Факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење- изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Коментари

коментар(и)