Советниците се жалат дека Мургашанска им „држи предавања“ (ВИДЕО)

Расправата на вчерашната педесет и трета седница на моменти беше напорна, и за гледачите и за самите советници кои дополнително имаа проблеми со загревањето во салата и честите прекини на електрична енергија. Претседателката, Атина Мургашанска, често се вклучуваше во дискусиите, што траеја предолго, и беше категорична кога советниците сакаа наместо реплика, да дадат процедурална забелешка. На советникот Осама Муадини таа нареди да му се исклучи микрофонот, на опозицијата ѝ даде двојка со два минуси по математика, со советникот Мирослав Тричковиќ се шегуваше на српски јазик, од раководителот на секторот за даночно, Ненад Стојановски, бараше како граѓанка одговор за имотна состојба по даночно решение од починатите во семеството, а на градоначалникот му рече дека и за него важат истите правила на дискусија и дека нема да прави отстапки.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)