Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово, со поддршка од DRӒXLMAIER Македонија, доби целосно опремена сензорна соба наменета за ученици со интелектуална попреченост и потешкотии во развојот.
Сензорната соба е опремена со специјални реквизити и дидактички средства и помагала каде што со соодветна стручна помош ќе се постигне инклузија на учениците.
Новото катче во ООУ „Браќа Миладиновци“ е прилагодено, така што учениците ќе можат да поминуваат одредено време таму, ќе другаруваат и ќе ги развиваат своите сензорни способности.
„Драго ни е што имаме можност да дадеме придонес во унапредувањето на воспитно-образовниот процес особено во делот на создавање еднакви услови за развој на децата уште во рана возраст“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.
За директорката Јасмина Спасевска оваа донација има огромна важност, бидејќи стручните кадри ќе имаат можност уште подобро да одговорат на потребите на децата со попреченост и да го реализираат својот наставен план.
Како општествено одговорна компанија, DRӒXLMAIER Македонија во континуитет преку бројни проекти и активности ја поддржува заедницата и регионите кадешто делува.