(ВИДЕО) Српска странка: Да дадеме поддршка за Илиевски

Српска странка во Македонија се залага за подобар живот на Србите во Општина Куманово, решавање на комуналните, инфраструктурните проблеми како и редовен градски превоз. Нашата политичка партија во образованието се заложи за решавање на изборниот предмет српски јазик и култура во целата држава, а исто така во Куманово го решивме деценискиот проблем со редовната настава во гимназија „Гоце Делчев“, истакнаа на денешната прес конференција од оваа политичка партија.

 -Ги информираме сите ученици кои следат редовна настава на српски јазик во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово дека е потпишан договор помеѓу Министерството за образование на Р.Србија и директорот на гимназијата, преку кој учениците се ослободени од партиципација на било кој факултет во Р.Србија-нагласи Сузана Манчиќ Спасиќ, од Српска странка.

Од оваа политичка партија ги повикаа граѓаните да дадат поддршка на кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата,  Оливер Илиевски и листата на советници предводена од Атина Мургашанска, бидејќи листата го отсликува мултиетничкиот карактер на Куманово, со оглед на тоа што на неа се наоѓаат докажани професионалци од сите етнички заедници.