Учениците од основното училиште „Толи Зордумис “ се првите кои што на Велики четврток им го честитаа Велигден на корисниците на услугите на домот за стари лица „Зафир Сајто“. Освен што им подарија велигденски јајца вапсани и декорирани од нивните вешти раце под менторство на своите одделенски наставници , учениците за старите лица приредија и получасовна забава исполнета со рецитали, ритмички точки и настап на играорна група.
-Денеска со нашите ученици од прво до петто одделение од мешовит состав од македонска и албанска националност заедно со вработените сме во посета на домот за стари лица зафир сајто. Традиционално секоја година во училиштето изработуваме велигденски јајца и ги подаруваме на домот за стари лица со цел да им ги го честитаме празникот на членовите на оваа установа и да им посакаме полесн, поздрави и попријатни денови поминати од животот тука. На овој ден решивме покрај вапсаните јајца што ги подготвија нашите ученици и да приредиме една кратка приредба се со цел за поубави мигови во нивниот живот, Лилјана Миленковска одделенски професор
За корисниците на „ Зафир Сајто “ Велигден е еден од омилените христијански празници. По тој повод за велигден чести гости во домот за стари лица се ученици, деца од градинка, претставници на невладини органзиации и политички партии.
-Старите лица во домот ги обожаваат сите празници, меѓутоа денот Велигден за нив е со посебно одбележување, пред некој ден со една поголема група на кориснички бевме и во црква така што сите сакаат да ги негуваат сите оние хриситјански обележја кои што го величат и го разубавуваат овој празник. Денеска ја имавме таа чест да како гости бидат поканети учениците од македонската и од албанската настава така што со една убава и весела приредба да го обогатиме овој празник зашто секој од нас сигурно дека заслужува а посебно старите лица во нашиот дом, изјави Росица Митевска, социјален работник
Во Зафир Сајто престојуаваат 145 стари лица претежно од североисточниот регион. Неодамна оваа јавна установа одвои 3.600.000 денари сопствени средства за реконструкција на 13 соби, 12 тоалети, од т.н „прв реон“ на установата, со што значително се подобрија условите за престој на корисниците.