(ВИДЕО) Утре завршен митинг на СДСМ во Куманово

Во изминатиот период СДСМ и Коалицијата, со кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски и советничката листа предводена од носителката Атина Мургашанска, постојано беа на терен. Посетивме скоро 19 000 домаќинства во општината, остваривме над 80 средби со  месни заедници како и приближно 30 активности со различни целни групи, одржавме и скоро 20 прес конференции, сé со цел да ја претставивме нашата Програма „Најдоброто за Куманово“, истакна на прес конференција портпаролката на општинската организација на СДСМ во Куманово, Катерина Пешиќ Бошковска. Таа воедно ги повика кумановци да им се придружат утре на завршниот митинг на плоштадот.

Добивме нови идејни решенија за одредени проблеми, добивме критики онаму каде што имало пропуст изминативе четири години, но и огромна поддршка од сите вас. На само неполни два дена пред изборниот молк кој ќе означи крај на кампањата за овие локални избори, Ве покануваме утре, 15-ти октомври на Градскиот плоштад со почеток во 20 часот на завршниот граѓански собир на Најдоброто за нашата општина, каде сите заедно, со претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателот Оливер Спасовски, кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски и советничката листа на чело со Атина Мургашанска-истакна таа.

Да порачаме дека во Куманово на 17- ти октомври ќе победи Најдоброто, ќе победи СДСМ, рече Пешиќ Бошковска.

 

Коментари

коментар(и)