По повод празникот Рождество на Пресвета Богородица утре ќе се изврши осветување на новоизградениот манастир посветен на Богородица во манастирскиот комплекс „Света Троица“ во селото Скачковце, кумановско.
Чинот кој ќе започне во 08 и 30 часот, ќе го изврши митрополитот кумановско-осоговски Григориј, со свештенството.
Се покануваат сите верници да го проследат настанот.