(ФОТО) Се збратимија Општина Куманово и Нови Сад

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и неговиот колега од град Нови Сад, Милош Вучевиќ потпишаа договор за збратимување на двете пријателски општини. Договорот чија што цел е соработка во различни области, а е резултат на долгогодишното пријателство, се потпиша кога Куманово одбележува значаен јубилеј 500 години постоење и 75 години слободно Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се надева дека овој пример на пријателство со Нови Сад ќе го следат и останатите граѓани, здруженија, бизнис заедницата.

-Куманово е побогато за уште еден член на семејството, денеска имавме чест со едногласни одлуки на општинските совети да се збратимиме со градот Нови Сад, за нас честа е уште поголема бидејќи се работи за еден развиен град со кој што долги години одржуваме добри односи. Минатата година потпишавме меморандум за соработка, а оваа година веќе го крунисавме со официјално збратимување. Од овој град можеме да научиме многу, имаме одлични релации како општински раководства, градското раководство и секако јас со мојот колега Милош Вучевиќ и воедно посакувам и на нивната делегација и на сите останати деновиве кога Куманово празнува голем јубилеј да уживаат во престојот во Куманово и да се чувствуваат како дома-исткана тој.

Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ посочи дека му е задоволство што договорот се потпишува на овој значаен јубилеј за нашиот град, но дека потпишувањето е само официјално бидејќи пријателството трае многу години наназад.

-Мислам дека сме мала, убава карика  во добрите српско-македонски односи и настојувањето на двете држави овој регион да биде инвестиција на нови автопатишта, регион каде луѓето ќе се враќаат да живеат и да работат, да се бориме да имаме повеќе луѓе, инвестиции, спортски резултати, младите да имаат можност овде да го создаваат тоа што го сакаат и да ги препознаваат нашите држави како место каде што треба да живеат. Таков регион што денес популарно го нарекуваат Западен Балкан е наше место и дом и навистина очекувам сите заедно да работиме, ние овде како градови, нашите држави, вчера во Нови Сад, денес во Охрид, утре во Тирана или Подгорица, Бања Лука, Сараево тоа е она што ние сакаме да го видиме-нагласи тој.

Според договорот Општина Куманово и Нови Сад ќе воспостават соработка во областа на културата, науката, образованието, туризмот, спортот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)