(ФОТО) Целосно реконструирано детското катче во Соколана

Нов лик доби детското катче, кое се наоѓа во градскиот парк Соколана. Млади од организацијата Креатор во соработка со општина Куманово и УНДП целосно го обновија ова детско катче, кое денеска беше свечено пуштено во употреба.

Во рамки на проектот Волонтирај-резултирај, членови на младинската организација Креатор, во соработка со Општина Куманово и УНДП, целосно го обновија детското катче во градскиот парк Соколана, кое денеска свечено беше пуштено во употреба.

Во реконструкцијата на детското катче учествуваа 120 средношколци – волонтери од сите средни училишта во Куманово. Во рамки на санцијата е истампониран теренот и е поставена нова подлога, како и пет нови играчки, лулашки и клацкалки. Постоечките реквизити се санирани, со што ова детско катче доби целосно нов изглед.

На свеченото отворање присуствуваше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како и претставничката на УНДП, Билјана Георгиевска.

-Ова е само еден добар пример како со сосема мали средства но со многу голем вложен труд од заедницата и од сите нас правиме убаво дело, повторно за сите нас, за сите наши граѓани. Им посакувам на сите наши дечиња да се играат и секојдневно да уживаат. Јас од овде преземам обврска да го отвориме овој дел од градот и дополнително накај Соколана и да овозможиме што побргу да се играат децата таму и на тој спортски простори и да реализираме и таму вакви слични проекти и за реконструкција и на многу вакви места-истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Во името на програмата за развој на Обединетите нации УНДП сакам да ве поздравам, ова катче беше реновирано во рамки на еден проект кој го поддржа програмата која ја финансира Европската унија и најголем дел од средствата доаѓаат од таа програма, меѓутоа исто со поддршка и од општина Куманово. Особено ме радува што голем број на млади беа вклучени во реновирањето и се надевам дека вакви иницијативи ќе има и во иднина-посочи претставничката на УНДП, Билјана Георгиевска.

Проектот „Волонтирај – Резултирај“ е финансиран од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)