По повод Меѓународниот ден на младите, ХЕРА објави податоци од најновите истражувања кои покажуваат дека 1 од 4 ученици на возраст од 15-16 години се коцкал за пари во последните 12 месеци, понатаму, кај учениците кои се коцкаат, уделот на проблематично коцкање пораснал од 4,5% во 2019 на 7,6% во 2024 година. Младите истовремено се соочуваат со невработеност, финансиска несигурност, предизвици со менталното здравје и желба за иселување.
Според ХЕРА Млади, коцкањето е прашање на јавно здравје, ментално здравје, финансиска писменост и заштита на младите заради што бара:
-доследна примена на регулативата;
-строга контрола на рекламирањето, особено онлајн;
-ефикасна проверка на возраста и заштита на малолетниците;
-финансиска писменост, превенција и едукација за ментално здравје;
-бесплатна, доверлива и младински пријателска поддршка за младите кои се соочуваат со проблематично коцкање.