Домот за стари лица „Зафир Сајто“ очекува позитивен одговор од министерствата за социјална политика и финансии за дополнителниот број на вработувања, откако претходно одлуката за годишниот план за вработување во 2027 година помина на Советот. Во установата има потреба од повеќе профили, меѓу нив социјални работници, физиотерапевти, медицински сестри.
„Согласно изготвениот план за вработување, Домот има потреба од 27 нови вработувања, а според нормативите таа бројка може и дополнително да се зголеми. Одлуката помина на Советот и сега се чека на одговор од соодветното министерство. Човечката работна сила е еден од главните чинители во функционирањето на домот. Работиме 24 часа и навистина е многу тешко, особено во периодот на летните одмори. Нашите вработени даваат над 100 проценти од своите работни ангажмани и секој му помага на секого, само за нашите корисници да добијат поквалитетни услуги“ изјави Крстевски.