Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти декa вчера кумановец пријавил дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ пронашол зрно од огнено оружје во ѕид од објект. За време на вршењето на увид, жителка од истата улица пријавила во истото време дека на настрешницата од нејзиниот балкон паднало зрно од огнено оружје и предизвикало оштетување. Двете зрна се пронајдени и подигнати за понатамошна постапка.
Вчера попладне уште еден кумановец пријавил дека на улицата „Тоде Мендол“пронашол зрно од огнено оружје. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случаите.