За православните верници утре започнува Богородичниот пост во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, кој се одбележува на 28 август.
Во текот на овие 14 дена верниците се воздржуваат од мрсна храна и, покрај телесниот пост, се повикуваат на молитва и духовна подготовка за празникот.
Инаку, Успение на Пресвета Богородица, 28 август (петок) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.