Четири лица се повредени, меѓу кои и еден малолетник, откако „Шкода фелиција“вчеравечер удрила во паркирано возило на полицијата во кумановско.
Околу 20.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Табановце, патничко моторно возило „шкода фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41 година) од село Никуљане, Куманово, удрило во службено возило на МВР, кое било паркирано поради вршење на увид за друг настан, информираат денеска од Секторот завнатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“, сопатниците Р.Б., АБ, и еден малолетник, констатирани во Општа болница Куманово.