ИНТЕГРА ја претстави Македонија без срамната придавка „северна“ на форумот ЕDI под покровителство на ECPM (European Christian Political Movement), стои во соопштението од партијата.
-ИНТЕГРА е поим за интегритет во политиката како дома, така и во меѓународни рамки. Форумот се одржа во Цриквеница, Хрватска. Партијата ИНТЕГРА потврди дека кога се сака, се се може, само ако се има став и доследност. Европското христијанско политичко движење (ECPM) се залага за примена на христијанските морални принципи во политиката, за здраво семејство и брак помеѓу маж и жена. Ова движење ги застапува реформите који му се потребни на народот, начела који се во склад со Библијата и Божјиот закон. Претставниците на ИНТЕГРА, Анита Талеска-Китановска и Кире Миновски учевствуваа на форумот и имаа успешен настап како и корисни мултилатерални контакти-информираат од партијата.