Ќе се одржи „Графити фест Куманово“

„Еко графити фест за поголема урбана свест“ е насловен настанот кој ќе се одржи наредната сабота во дворот на училишта Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков и Народниот театар. Манифестацијата ја спроведува неформална група од професори, заедно со локални цртачи.

-Во декември успеавме да се пријавиме на конкурс на Фондацијата отворено општество Македонија за ангажирани уметници, за кретивни акции и кампањи кои ќе влијаат за промена во едно демократско општество. На тој конкурс како неформална група успеавме од 54 пријави да влеземе во 12 најдобри и добивме грант, со кој сакаме да го реализираме овој проект насловен како Еко графити фест, за поголема урбана свест.  Проектот е замислен цртање на графити на голема површина, со објавен конкурс за млади уметници, да се пријават од различни култури, од сите наши градови, па и пошироко може и од околните-вели Југослав Спасиќ, наставник по физичко образование.

На тој начин освен што ќе се уреди просторот кој што е запоставен, ќе им се отстапи простор на младите и за креативно изразување.

-Ќе ги изработуваат ѕидовите кои ги поврзуваат сите три институции на овој двор, на двете училишта, Браќа Миладиновци, Крсте Мисирков како и Народниот театар и тука ја гледаме симболиката, да се промовираат овие активности токму преку образовните и културните установи. Замислено е  да биде композиција од графити, претежно графитите се со некој натпис текстуален меѓутоа има пријавено и со мурали така што ќе направиме комбинација, и простор каде кои дела ќе се изработат на ѕидот на овие институции-дополни тој.

Како што информираа организаторите на конкурсот има пријавено повеќе од 20 учесници, а во моментов се спроведува селекција за најдобрите графити.

Настанот кој ќе започне во 10 часот,  ќе биде збогатен со спортски активности, односно уличен баскет, како и со настапи на некои диџеи. Општинската организација на Црвениот крст ќе постави свој штанд, на кој ќе се промовираат проекти за хумани вредности.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)