Авиозапрашување против комарци во среда

Во раните утрински часови во среда на подрачјето на Куманово ќе се изврши авиозапрашување против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информира општината.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Коментари

коментар(и)