ВИДЕО: Актерот Тони Михајловски -кандидат за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ

Тони Михајловски е кандидат за градоначалник на Општина Куманово од  ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го соопшти потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

Михајловски е роден во Куманово. Toj e истакнат театарски, филмски и телевизиски актер, водител и стенд-ап комичар.

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Михајловски станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година. Игра во повеќе театарски и филмски остварувања.

Тој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Носител на советничката листа ќе биде Елена Доцевска-Божиновска.

Што се однесува до СДСМ, за Куманово се уште официјално не е објавен кандидатот за градоначалник. Познато е дека кандидатури поднесоа актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, пратеникот и претседател на општинската организација на партијата Мартин Костовски, актуелната претседателка на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и директорот на АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски.

Лидерот на партијата Зоран Заев, вчера рече дека се објавени 35 кандидати, а допрва ќе се носат одлуки за големи градови како Куманово, Струмица, Охрид и Битола.

Во десетина општини вели тој, нема да има кандидати и ќе ги поддржи оние на коалициските партнери.

Локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври годинава.

Коментари

коментар(и)