Библиотеката го збогати книжниот фонд

Јавната установа библиотека Тане Георгиевски го збогати книжниот фонд со 262 нови наслови, односно 832 книги. Се работи за редовна набавка на белетристика, што библиотеката ја врши секоја година, по завршување на Саемот на книгата на кој се изложуваат најновите наслови од македонската издавачка продукција и преведена литература на познатите светски бетселери.

-Книгите се набавени од 10 издавачки куќи за оваа набавка се потрoшени околу 245.000 денари ова е една од трите набавки што библиотеката планира да ги врши оваа година, следната ќе биде набавка на лектирни изданија и при крајот на годината уште една набавка на белетристика која ќе започне во месец ноември до декември се планира да заврши-изјави Марјан Петковски, директор на ЈУ Тане Георгиевски.

Новите книги се на македонски, албански и српски јазик. Читателите веќе ги позајмуваат делата,од кои 90 проценти се обработени.

-Продолжуваат активностите за зголемување на бројот на читателите, подобрување на условите за корисниците и со тоа што можеме да кажеме дека оваа година вкупно регистрирани корисници има 7361 во двата оддели, во одделот за возрасни се регистирани 3814 корисници а редовно се даваат услуги и на корисници кои имаат потреба од увид на службен весник, дневни весници и периодични изданија-додаде тој.

Директорот нагласи дека во библитеоката поволни пакети при зачленувањето имаат семејните групи, а за  социјалните случаи и второоделенците уписите се бесплатни.

Коментари

коментар(и)