Вечерва на „Денови на комедија“ претставата „ Боинг, Боинг“ од Винковци

На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше изведена претставата „Пасивно пушење“ во рамките на Меѓународниот театарски фестивал„ Денови на комедија“.

Станува збор за претстава по текстот на Небојша Ромчевиќ, во режија на Ненад Витанов. Во комедијата играа: Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Кристина Атанасова Арсова и Марија Минчева Андонов.

Фестивалот продолжува и вечерва кога пред кумановската публика ќе игра Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска со претставата „Боинг, Боинг“.

Претставата е според текстот на Марк Камолети, а во режија на Нина Клефлин. Играат: Ведран Дакиќ, Владимир Андриќ, Сања Тот, Јосипа Оршолиќ, Матеа Марушиќ и Зденка Шустиќ.

Комедијата започнува во 20 часот.

Коментари

коментар(и)