49 новозаболени кумановци од вирусот ковид-19

Нови 494 случаи на ковид -19 на ниво на државата во текот на изминатото деноноќие регистрира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје од направените 3.425 тестирања. Од вкупниот број новозаболени, 49 пациенти се од Куманово.

Регистрирани сe и 474 оздравени пациенти , меѓу нив од Куманово се 30.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица, од нив едно починато лице е од Куманово на возраст од 66 години.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07 до 29 септември годинава.  Меѓу пријавените има и две лица од Куманово.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.

Бројот на активни случаи во Куманово изнесува  992.

 

Коментари

коментар(и)