(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Социјално ранливите категории се заборавени од општината

-Социјално ранливите категории на граѓани се заборавени од актуелната локална власт. Нашата програма посветува големо внимание на оваа категорија на граѓани. Како идна локална власт Куманово ќе го направиме град кој промовира социјална правда, вклученост и безбедност за сите негови  жители преку сиситемски, сеопфатни и иновативни програми за социјална политика. Ова особено се однесува на социјално ранливите групи како што се лицата со посебни потреби, пензионерите, старите лица, невработените, лица со ниски примања, жртвите на семејно насилство, семејство со неколку деца, самохрани родители, згрижувачки семејства, лица без здравствена заштита, зависници, поранешни затвореници и бездомници.

Како идна локална власт ќе ги субвенционираме социјално -ранливите категории во делот на комуналните такси и давачки.

За да не дозволиме изумирање на старите занаети во градот, како идна локална власт ќе ги субвенционираме граѓаните кои сакаат да се занимаваат со занаетчиство.

Потоа, ќе го реконструираме и модернизираме старскиот дом во Куманово.

Ќе формираме општински сервис за пензионери, во вид на персонални асистенти кои ќе вршат набавки на намирници за потребите  на нашите повозрасни, и изнемоштени сограѓани.

Почитувани сограѓани, Ве повикуваме на 17 октомври масовно да излеземе и да го заогружиме бројот 7.

Заедно да создадеме нова иднина.

Бројот 7 за промени, проекти и победи.

Бројот 7 за кандидат за градоначалник Тони Михајловски и листа на советници од

ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, рече на денешната прес-конференција Ивана Лазаревска, кандидат за советник во Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција

 

Коментари

коментар(и)