Илиевски : Енергетски ефикасни згради во Куманово

Кандидатот за градоначалник на општина Куманово од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Илиевски вчера оствари неколку маалски средби со граѓаните од централното градско подрачје, од улиците „Народна револуција“ и „Среќко Пужаљка“ на кои истакна дека центарот во Куманово ќе добие енергетско ефикасни згради со реконструкција на улици во боемски улици со канделабри и зеленило.

„Еден од поголемите проекти е Градското шеталиште со спојување на двата плоштада со подземен паркинг со што Куманово ќе добие центар каков што заслужува. “- истакна Илиевски.

Граѓаните посочија дека еден од главните проблеми е сообраќајниот метеж и недоволен број на паркинг- места.

 

Коментари

коментар(и)