(ВИДЕО) Костовски: Вечерва промоција на кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски

На паркингот кај Градскиот базен вечерва во 19 часот ќе бидат промовирани кандидатот за градоначалник на Куманово на коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Илиевски, листатата на кандидати за советници и програмата „Најдоброто за нашата општина“.

-На промоцијата ќе го претставиме концептот за едно општество, коешто ќе се развива во следните 4 години. Истовремено ќе ја презентираме и програмата на нашиот кандидат Оливер Илиевски, а ќе можете можност одблизу да ги запознаете 33-цата кандидати за советници, кои се докажани професионалци и домаќини луѓе во своите средини. На овие избори СДСМ заедно со коалицијата излегува со еден кандидат, тоа е Оливер Илиевски, излегуваме со една листа, а носител е Атина Мургашанска“, рече претседателот на ОО на СДСМ Куманово и шеф на изборниот штаб, Мартин Костовски.

 

Коментари

коментар(и)