Од денеска кумановци можат да се попишуваат и во техничкото училиште

Од денеска граѓаните на Куманово кои што досега не успеале да се попишат своето законско право ќе може да го остварат во седиштето на регионалната пописна комисија во техничкото училиште „Наце Буѓони“, на улица „Бајрам Шабани“. Кумановци можат да ја посетат канцеларијата на државните и реонските инструктори од 08.30 до 19.30 часот. За да бидат попишани граѓаните потребна им е само лична карта.

Коментари

коментар(и)