(ВИДЕО) Јовановиќ: Реконструкција на повеќе училишта и спортски сали

Гасификација и вложување во енергетската ефикасност на општинските училишта, проширување на капацитетите и реконструкција на дел од основните и средните училишта се само дел од проектите кои ќе бидат реализирани доколку на локалните избори победи граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, најави на прес-конференција кандидатот за советник во Советот на Општина Куманово Александар Јовановиќ.

-Ќе ги прошириме капацитетите на основните училишта: ООУ „Наим Фрашери”, ООУ„Бајрам Шабани” и ООУ „Кочо Рацин”. Ќе изградиме нов средношколски центар за учениците од паралелките во СОУ Гимназија „Сами Фрашери” и паралелките од ОСТУ „Наце Буѓони”. Ќе го реконструираме подрачното училиште ООУ „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња и ќе изградиме нов спортски терен. Реконструирани ќе бидат училишните фасади во ООУ „Толи Зордумис“, во централниот објект на ООУ „11 Октомври“, во ООУ „Христијан Карпош, и во ООУ „Вук Караџиќ, целосна реконструкција на ООУ „Карпош“, во с. Умин Дол и ООУ „Карпош“, во с. Љубодраг. Се планира и реконструкција на СОУ „Перо Наков“, која опфаќа замена на столарија, термо изолација на фасада и адаптација на тоалети, реконструкција на училници, ограден ѕид на училишен двор, партерно уредување и поставување на систем за греење на спортска“, рече Александар Јовановиќ, кандидат за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

Во програмата е предвидена и замена на постојната покривна конструкција на повеќе училишта, особено во руралните подрачја.

-Реконструкција на училишната фасада во ООУ „Браќа Рибар“, с.
Табановце, поставување на пристапна рампа и адаптирање на тоалети за
ученици со попреченост, реконструкција на ООУ „11 Октомври“, подрачно училиште с. Речица, инсталирање на систем за греење во ООУ „Вера Которка“- с. Клечовце и изградба на нов спортски терен, реконструкција на кров на ООУ „Кочо Рацин” во с. Орашац и замена на
столарија и нова фасада, реконструкција на санитарии и замена на кровна покривка во ООУ „Битолски Конгрес” во  село Лопате, замена на прозорци во ООУ „Магдалена Антова“, замена на дел од кровна покривка во ООУ „Кирил и Методиј“, с.Романовце, реконструкција на подрачното училиште во Агино село и изградба на нови современи спортски терени во двете училишта, реконструкција на училишната спортска сала во ООУ „Крсте Мисирков” и ООУ „Браќа Миладиновци” и нов модерен спортски терен во училишниот двор, реконструкција на ООУ „11 Октомври“, подрачно училиште во Долно Којнаре, реконструкција на кровот и санација на ѕидовите во ООУ „Браќа Миладиновци, рече Јовановиќ.

Дополнително, посочи Јовановиќ ќе бидат доопремени училиштата со смарт табли, дигитална опрема и нагледни средства за поквалитетна настава, а училишните дворови ќе бидат уредени по примерот на техничкото училиште „Наце Буѓони“.

Коментари

коментар(и)