КУД „Српски вез“ со работилница за српски јазик

Во рамките не Културно уметничкото друштво „Српски вез“ од минатата година во рамките на библиотеката на друштвото функционира работилница за изучување на српскиот јазик и култура. Функционираат две групи, за деца од 8 до 14 годишна возраст, а во втората повозрасна група од 15 до 25 годишна возраст.

Со децата работат Жаклина Милинковиќ, Мгдалена Митровиќ и Бојана Николиќ Вељановска. Неодамна како дел од работилницата беше оформена и рецитаторска секција во која засега членуваат неколку дечиња.

Во текот на овој викенд најмалите членови на работилницата добија комплет на училишен прибор кој го обезбеди Министесртвото за култура на Р.Србија.

Работилницата е подржана и помогната од Амбасадата на Р.Србија, Министерството за култура на Република Србија и Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот.

Коментари

коментар(и)