Меѓународниот ден на старите лица денеска беше одбележан и во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
„Овој ден ќе имаме поетско читање, цртање и спортски активности со нашите корисници. Нашата обврска е секојдневно да ја создаваме средината подобра за нашите луѓе кои се тука сместени. Посебна благодарност упатувам до сите наши вработени кои со својата посветеност, човечност и трпеливост се грижат за овие корисници и исто така упатувам апел до сите наши граѓани кои имаат слободен временски период, кои немаат многу обврски или имаат обврски во делот на старите лица, да ни се приклучат, да дојдат, заедно да направиме неколку настани и да ги разубавиме овие моменти на нашите корисници“, истакна Александар Крстевски, директор на Дом за стари лица „Зафир Сајто“.
Видеото по вестите во 18 часот.